Loading Video...
Спорт плус
14. September 2021 - 19:21

МОК потпиша спонзорски договор со турската компанија Кигили

Македонскиот олимписки комитет од денеска потпиша четиригодишен спонзорски договор со турската модна компанија Кигили која е спонзор на голем број екипи во Турција но и во Европа. 

Договорот го потпишаа претседателот на МОК Даниел Димевски и главниот извршен директор на компанијата Кигили , Хилал Суердем. 
- Бидејќи прво ќе се потсетиме дека на денешен ден пред 10 години Македонија ја победи Литванија во исторскиот натпревар, еве денеска судбината сакаше МОК да потпише договор со фирмата Кигили од Турција на 4 години. Кигили ќе се грижи за облеката и имиџот за олимпискиот комитет во целост како организација и за спортистите“- изјави  првиот човек на МОК при потпишувањето на договорот.