„Мојата борба“ на Хитлер на пат да стане бестселер
Контроверзната книга напишана од нацистичкиот водач Адолф Хитлер напишана пред 90 години е на пат да стане една од најпродаваните книги оваа година. За само една недела книгата која што има околу 2.000 страници од кои две третини се објаснувања за штетните тези на Хитлер е нарачана од 15 илјади луѓе иако првично е печатена во 4.000 примероци.
Книгата која што првпат се продава по 70 годинни чини околу 60 евра за печатена копија а на онлајн продажната мрежа „Амазон“ цената е шест пати повисока. Покрај германското издание наскоро се очекуваат италијанско, француско и англиско издание затоа што издавачот „Институтот за современа историја“ од Минхен добил нарачки за превод и од овие земји.
Во книгата која што содржи стратегии за истребување на Евреите и други раси кои што Хитлер ги сметал за штетни за човештвото била продадена во само неколку десетици копии во првиот обид да го освоие пазарот во 1925 година. Меѓу 1933 кога Хитлер дошол на власт и 1939 година книгата е продадена во 5,2 милиони копии а сега повторно станува интересна за германската и европската јавност.
„Мојата борба“ беше забранета за објавување по Втората светска војна при што правата за нејзино печатење кои ги имаше владата на покраината Баварија истекоа на први јануари 2016 година. Во Германија се уште пред се на социјалните мрежи се води дебата дали оваа книга требаше воопшто да биде печатена. Според анкетите речиси две третини од граѓаните сметаат дека не треба да излезе ново издание што е спротивно на ставот на Асоцијацијата на германските наставници која смета дека таа треба да се изучува во училиштата за да можат децата да научат какво зло врз човештвото предизвикал нацизмот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот