Свет
11. January 2016 - 19:03

Могерини ги повика политичарите да не ги користат насилствата во Келн

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ги повика денеска политичарите да не ги користат нападите врз жените во текот на новогодишната ноќ во Келн, за да ја зајакнат „антиимигрантската реторика“.

Стотици жени беа во текот на новогодишната ноќ изложени на злоставување oд страна на група мажи, а властите велат дека речиси сите осомничени биле од „странско потекло“.

- Се надевам дека ниту еден политичар, ниту едно лице на функција нема да го користи настанот и да го меша со други проблеми, рече Могерини во Прага за време на дебата за иднината на ЕУ.

Таа истакна дека тоа е многу сериозен и шокантен настан и оти сите мора да ги почитуваат законите, а особено законите кои ги штитат правата на жените и човековите права.