МНТ го заврши гостувањето во Словачка, Белорусија и Србија
Македонскиот народен театар (МНТ) со изведбата на претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ во театарот „Kosztolányi Dezső“ во Суботица, Србија ги заврши гостувањата на фестивалите „Central European Theatre Festival“ во Кошице, Словачка и „Belaya Vezha“ во Белорусија, како и гостувањето во Србија.
Како што информираат од МНТ, претставата, која е во копродукција на МНТ и Скопје Филм Студио, наиде на одличен прием и задоволство од страна на публиката.
- Публиката ја проследи претставата со големо внимание, и реагираше со воодушевување. Одличната актерска игра, составена од веќе докажани, но и млади актери уште еднаш ги оправда очекувањата кај публиката и организаторите и беше испратена со долги стоечки овации во сите три држави, соопшти МНТ.
На 10 септември „Разговори во четири очи“ се одигра на фестивалот во Кошице, значаен културен настан на кој учествуваа театарски куќи од Полска, Чешка, Унгарија, Македонија и други.
Во селективната програма на Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ каде на 12 септември со почеток во 18 часот се одигра претставата на Македонскиот народен театар, учествуваа и 14 земји: Белорусија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Полска, Русија, Украина, Финска, Чешка и Естонија. Во селективната фестивалска програма настапија 28 театарски куќи, а театрите од целиот свет на белоруската публика и ги прикажаа своите најдобри дела и ги споделија креативните искуства и трендови на модерниот театар.
По Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ во Белорусија, екипата на „Разговори во четири очи“ во состав: Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски отпатува за Србија, каде што на 15 септември ја одигра во театарот„Kosztolányi Dezső“ во Суботица.
Ново на Сител
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици