МНР: Средбата со Борг и Лавров беше свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на ОБСЕ
Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека средбата на која присуствувале актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ и шефот на руската дипломатија била свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на оваа меѓународна организација.
- Денеска, на маргините на 30-от Министерски совет на ОБСЕ, актуелниот претседавач со Организацијата, Бујар Османи ги повика министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, чија земја се очекува да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. Средбата беше свикана со цел да се обезбеди натамошното функционирање на институциите на ОБСЕ, во контекст на специфичните околности во кои се наоѓа Организацијата, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати