МНР со осуда и реакција за провокативните навреди и пароли на натпреварот меѓу Партизан и Вардар во Белград
Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапи во контакт со колегите од Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упати реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на РК Партизан.
Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји.
Српската страна, преку својата Амбасадорка во Северна Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Од вторник повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи
-
Дачиќ: Синагогата во Белград е можна првична мета на терористичкот напад во Белград
-
Северна Кореја: Односите меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија се развија во азиска верзија на НАТО
-
ЦУК: Десет пожари на отворено од коишто еден е се уште активен
-
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
-
Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ
-
МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци
-
СДСМ избира нов лидер на партијата