МНР со осуда и реакција за провокативните навреди и пароли на натпреварот меѓу Партизан и Вардар во Белград
Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапи во контакт со колегите од Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упати реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на РК Партизан.
Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји.
Српската страна, преку својата Амбасадорка во Северна Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“