МНР: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство
Изјавата на бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство, порачува македонското Министерствто за надворешни работи.
– Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, соопшти МНР.
Каракачанов вчера на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во Собранието на Република Македонија во која рече дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и оти никој нема право тоа да го оспорува и му посочи дека „македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик“.
-Македонскиот јазик, кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Макеоднија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација, напиша Каракачанов вчера на фејсбук.
Предупреди дека ќе побара да не биде поддржана кандидатурата на македонија за членство во НАТО и ЕУ „ако биде усвоен и еден невистинит историски факт, ако дури и еден историски факт биде заменет“.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати