Loading Video...
Свет
3. August 2023 - 16:29

МНР со апел да не се патува во Нигер поради влошената безбедносна ситуација, еден Македонец во Нигер побарал помош, МНР бара начин за евакуација

Македонски државајанин во Нигер побарал помош од македонските власти да ја напушти таа западноафриакснка држава. МН објави дека во соработка со сојузниците кои имаат свои претставништва во Нигер се бара начин да се спорведе евакуацијата. Истовремено Министерството за надворешни работи побара од македонските државјани да избегнуваат патување во Нигер поради влошената безбедносна ситуција, а од оние кои се таму, доколку имаат можност, најбргу што може да ја напуштат земјата.

Многу европски земји веќе ги евакуираа свои граѓани. Соединетите држави и Велика Британија денеска наредија евакуација на дел од персоналот во амбасадите во Нигер, а пред неколку дена тоа го стори и Франција. Во меѓувреме, самопрогласениот нов лидер на Нигер, генералот Абдурахаман Чиани изјави дека земјата е на транзициски пат кон демократски избори, една недела откако воени офицери на чело со Чиани го соборија демоктратски  избраниот претседеател Мохамед Базум. Економската заедница на западноафриканските држави во неделата  воведе економски санцкии против Нигер и се зкаани со употреба на сила доколу водачите на државниот удар не го вратат Базум на власт во рок од седум дена. Во телевиско обраќање, Чиани го отфрли  санкциите како незаконски, неправадени и нехумуини и порача  дека дрќавата  нема да потклекне пред регионалниот и меѓународниот притисок за враќање на Базум  на власт.