МНР апелира до сите државјани да се воздржат од патување во Иран

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.
Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.
За дополнителни информации, сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.
Воедно, нашите државјани може да се обратат и на дежурниот телефонски број на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Иран и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
