Мнозинството Чеси му веруваат на Земан, но не би го гласале повторно
Според анкетата на агенцијата СТЕМ, чешкиот претседател Милош Земан ја има довербата на 54 проценти од граѓаните, а против негов повторен избор се изјасниле 59 проценти од анкетираните, јави дописникот на МИА од Прага.
Остро против актуелниот чешки претседател се изјасниле 19 проценти од граѓаните, додека 27 проценти не му веруваат.
- Педесет процентната доверба за Земан покажува дека неговото оценување е актуелна и контроверзна политичка тема, се вели во Извештајот на агенцијата.
Според анализата и во иднина позицијата на Земан е силна како меѓу десничарските така и меѓу левичарските и останатите гласачи, особено кај постарата популација.
Дури 63 проценти од сениорите ја имаат довербата во првиот човек на Чешка.
Анкетата е направена меѓу 1.109 учесници во период од девет дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга