Многу чудно: Три дена пред смртта Аркан со Цеца во емисија - гледачка предупреди дека ќе умре!
Жељко Ражнатовиќ Аркан, покојниот сопруг на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, беше со неа и ја бодреше од публика за време на нејзиното гостување во емисијата "Максовизија", само три дена пред неговата смрт.
Како што пишува Еспресо.рс, тој ја слушаше својата сопруга од публиката, а во таа прилика се јавуваа и гледачи за да ги прашаат нешто гостите во емисијата.
Сепак, иако Цеца беше гостинка, а Аркан беше дел од публиката, една гледачка која се јави во емисијата побара да му упати прашање токму нему. Таа ја посоветува Цеца да го пази Аркан, на што Цеца само три дена пред да биде убиен и одговори низ смеа: - Не грижете се јас го чувам него.
Тој беше убиен на 15 јануари 2000 година.
Јавувањето на гледачката може да го погледнете во 12:27 минута од видеото.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица