-->
-->
Mладо момче од Скопје прободено во стомакот
-->
Вистинска драма се одвивала на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, синоќа во 1 часот и 35 минути, кога младо момче било прободено во стомакот. Според информациите од македонското МВР, две непознати лица, кои биле со возило марка „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на 26-годишниот скопјанец Т.У.
Истиот бил пренесен и задржан во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Причина за нападот била расправија во сообраќајот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница