Македонија
23. March 2019 - 16:28

Младите во Битола не се заинтересирани за волонтерска работа

Младите не се заинтересирани да волонтираат, покажа истражувањето кое беше направено од страна на Здружението за одржлив развој СФЕРА за вклученоста на младите во секојдневниот живот и нивно волонтирање во организациите.

-Многу младите не беа заинтересирани да ги пополнуваат прашалниците, само мал дел околу 28% од младите во градот волонтираат, а околу 45% се заинтересирани за волонтерски акции и мислиме дека тоа многу мал процент, затоа што знаеме дека младинската невработеност во нашиот град е 49,7% што е голем процент, има многу млади кои можат да посветат дел од своето време во волонтирање за да го направиме нашиот град подобар, истакна Милчо Јули,Претседател на Сфера на Македонија,

Токму затоа младинските организации им нудат можности да се вклучат во разни програми.

-Слушајќи ги нивните потреби, дали ќе биде на некој иновативен, креативен, интерактивен начин, се со цел да поттикнеме нивно поголемо вклучување во тие можности. За жал можностоте за волонтирање се поголеми од оние кои што им стојат вработување на младите, не само во нашата заедница, туку во земјата генерално. Во случај кога постои незаинтересираност за волонтирање или вклучување во програмите, Битола е во предност затоа што има тело, Локален совет за волонтерство, неодамна формиран, рече Наташа Чавдаровска,форум 16.

Од организациите велат дека во активностите треба да се вклучат и родителите, затоа што токму тие влијаат на размислувањето на младите од најрана возраст како да гледаат на општеството и заедницата.