Македонија
25. May 2019 - 16:45

Младите уметници ги наполнија битолските улици

Деновиве Битола ќе биде најголемото отворено ателје на светот за младите уметници. Низ улиците на Битола можат да се видат деца од повеќе земји од светот кои го пренесувааТ духот на битолските градби на платното.

- Ова е многу добар начин да си го подобриме сликањето, да се социјализираме со другите, одлично искуство, многу ми се допаѓа, вели учесник од Романија.

- Сакам да сликам со водни боици, во Битола ми се допаѓа Малиот монмартр, прекрасно е, вели учесник од Тајланд.

- Ми се допаѓаат старите градби, едноставни се и многу убави, вели учесник од Романија.

Наставничката Кристина од Романија учествувала веќе осум пати, а за Малиот битолски монмартр вели дека e инспирација за многумина, вклучувајќи ја и неа.

- Ме инспирираше да направам ваков фестивал во Романија, идејата за една ваква манифестација во нашата земја дојде од Битола, од Коста и неговата ќерка Елена. Мислам дека ова е одлична можност за учесниците да се вклучат и да се дружат во светот на уметноста, нешто што е реткост во денешно време, изјави Кристина Петрариу, наставник од Романија.

Малиот битолски монмартр се смета за бренд на Битола.

- Бидејќи самите учесници рекоа дека навистина Битола знае како да не прими. Иако беше тешко, но сите угостители ни рекоа - не се секирајте, сите деца ќе бидат сместени. Кога може една екипа да допатува од далеку, верувам уште повеќе ќе се потрудат да направат прекрасни творба и да остават уште едно богатство, изјави Коста Хаџи Антоновски, раководител на детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ Битола.

На годинешното 38. издание на Малиот битолски монмартр учествуваат 18 екипи со стотина учесници.