Mладите ракометари ќе добијат милион денари премија за успехот на ЕП
Ракометната федерација на Македонија одлучи со еден милион денари да ги награди репрезентативците кои го освоија 9. место на Европското првенство во Словенија.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ЕП 2024 го завршија со четири победи, две нерешени средби и еден пораз.
Само лошиот систем на натпреварувањето е причина младите македонски ракометари да не бидат уште повисоко во поредокот. Тие во првата групна фаза немаа ниту еден пораз, но и тоа не беше доволно да се пласираат во четвртфиналето.
– Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија, стои во дел од соопштението на РФМ.
Со пласманот на деветтата позиција на евро-шампионатот, обезбедено е учество на Светското првенство 2025.
Ново на Сител
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми
-
Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година
-
Таравари: Премногу се драматизира со бранителите