Loading Video...
Кошарка
19. July 2018 - 15:22
Младите македонски кошаркари ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место
Младата македонска кошаркарска репрезентација ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години, што се одржува во Софија.
Со вчерашната победа над Белорусија 84-77 втора во четирите одиграни натпревари во А групата, црвено-жолтите го освоија третото место, па во продолжение од првенството ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Прв противник на македонските кошаркари ќе биде селекцијата на Албанија, против кога ќе играат утре со почеток од 12 часот и 45 минути.
Доколку избраниците на селекторот Никола Василев ја оправдаат улогата на фаворити и забележат победа, тогаш следен противник (во сабота - 21 јули) ќе им биде подобриот од мечот меѓу Грузија и Унгарија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->