-->
-->
Младите македонски кошаркар вторпат поразени од Бугарија
-->

Македонската селекција за кошаркари до 20 години со 62-57 (20-9, 14-19, 12-8, 16-21) го претрпе и вториот пораз од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот двомеч во Правец.
Лошиот старт на средбата на избраниците на Малинков денеска беше клучен за конечниот резултат на вториот пријателски натпревар во Правец и поразот на нашата млада селекција од врсниците од Бугарија.
Домаќините го искористија лошиот почеток на нашата млада селекција и по сао десет минути игра обезбедија предност од 11 кошеви. Во втората делница Малинков ја пронајде вистинската постава и водството на Бугарија беше намалено на 34-28.
Но, и стартот на второто полувреме повторно беше во знакот на домаќините, младите кошаркарина Бугарија во решавачките 10 минути влегоа со водство од 46 - 36, предност што на крајот се покажа како доволна за нова победа.
Иако нашите кошаркари го подигнаа нивото на играта и заиграа многу подобро од почетокот на вториот дел сепак не успеаја да стигнат до резултатски пресврт довоlен за победа.
Капитенот Магдевски како и на вчерашната средба со 17 поени повторно беше нашиот најефикасен кошаркар, солидноодиграа и Јетмир со 12 и Петровски со 9 поени.
Нашата селекција до 20 години во Правец ги одигра првите контролни средби во рамките на подготовките за настап на претстојното Европско првенство Дивизија Б во Халкида, Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
