Бизнис
19. September 2017 - 19:46

Младите и ранливите категории во фокусот на оперативниот план за вработување

Младите и ранливите категории, односно граѓаните  кои се тешко вработливи се во фокусот на дополнувањето на оперативниот план на агенцијата за вработување. 

Предложените измени и дополнувањата денеска беа презентирани на првата координативна обука за центрите за вработување и центрите за социјални работи од југоистокот на државата. Од агенцијата за вработување велат дека акцентот е ставен на овие  категории граѓани со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот.

- Целта на овие работилниици на регионално ниво е центрите за социјални работи заедно со центрите за вработување при агенцијата за вработување на Република Македонија да се доближат до овие ранливи категории, до овие категории на невработени луѓе, да им овозможат аплицирање во мерките, учество коешто на крајот ќе резултира или со крајно вработување или дел со вработливост, односно со нивно приспособување и адаптирање на пазарот на труд, рече Билјана Јованова – директор на АВРМ

Имплементацијата на мерките за вработување  агенцијата ја реализира во партнество со УНДП.

,, Има една палета на мерки кои што им даваат  можност на младите да започнат свој бизнис,  има нова програма старт ап за малди која што дава можност двајца здружено да формираат бизнис со кој ќе може да добие грант во износ од 10 000 евра и плус дополнителна поддршка, експертска и менторска.,, рече Урим Касапи, програмски координатор за социјална инклузија при УНДП.

Освен во Струмица координативни работилници поврзани со измените и дополнувањето на оперативниот план ќе бидат одржани и  во Скопје и Струга. Со нив ќе бидат опфатени сите  центри за вработување,  но и центрите за социјални работи во државата со цел координација на локално ниво по што ќе почне имплементацијата на мерките за вработување.