Бизнис
3. September 2015 - 21:23

Младите да избираат технички струки затоа што за нив има најмногу слободни работни места

Младите  откако ќе завршат со образованието, прво да прифатат пониско работно место за да се интегрират  на пазарот на трудот и на тој начин  да стигнаат  до позицијата за која учеле, апелираат од агенцијата за вработување.  Според  нивните анализи 80 отсто од огласите се за технички кадар кој е дефицитарен, зошто голем дел изучуваат  општествените науки. Ова е доволен доказ младите кои допрва треба да учат да изберат некое  од стрчните училишта.

И од агенциите за привремени вработувања  се пожалија  дека имаат проблем со изнаоѓање на струен кадар за работа, зошто младите најчесто сакаат да се вработата или во банка или во државаната администрација. Често одбиваат добра работа, ако не е во склоп со тоа што го учеле, а проблем поради кои не прифаќаат работа е и висината на платите.

За подобрување на пазарот на трудот и за зголемување на вработеноста, мадлежните постојано воведуваат нови мерки кои ги даваат посакуваните резултати. Само со  Македонија вработува за четири месеци  вработени се повеќе од 5. 000 лица. Месецов се очекува бројката уште да расте, зошто со завршувањето на годишните одмори,  економијата заживува и фирмите имаат потреба од нов кадар.