Македонија
8. November 2017 - 12:08

Млада гостиварчанка паднала од прозорец од 4.кат

Вчера околу 17,45 часот било пријавено дека Н.Н.(31) од Гостивар паднала од прозорец од четвртиот кат на станот во кој престојувала на ул. „Мара Угринова“ во Гостивар.

Од паѓањето истата се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно била префрлена на скопските клиники. 

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на настанот.