Македонија
9. July 2019 - 10:15

Млад моторџија со кавасаки покоси две лица на улица во Неготино

Вчера во 19.25 часот на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „Кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во А.М.(52) од Неготино и С.А.(51) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.М. и С.А. и биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.