Митрополит г. Јосиф: Рождеството Христово и другите денови да бидат во мир, помирување, разбирање и радост
Митрополит г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во Тетовско-гостиварската епархија по повод Раѓањето на Исус Христос – Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква. Тој како надлежен архијереј честитајќи го празникот посака добро здравје, духовен спокој и мир за верниците, како и желби за конечна победа над пандемијата.
-Почитувани верници на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква, Радосниот празник на Христовото Рождество е спасоносниот ден во кој Синот Божји кој вечно се раѓа од Отецот се роди во времето. Празникот на Рождеството Христово, но и сите денови од годината што се пред нас, нека ни бидат денови на мир и помирување, на радост и разбирање и дај Боже нека траат вечно. Среќен Божиќ и нека е благословено ново лето Господово. Христос се роди, Навистина се роди, порача митрополитот г.Јосиф.
Во Тетово годинава изостана Бадниковата литија.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење