Македонија
31. August 2022 - 20:04

Митрески: Одлуката за бојкот на Собранието не е на пратениците туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Како ќе се однесува опозицијата не можам да проценам, очекувам да не ја продолжи досегашната пракса, можеби сум оптимист, но се надевам дека ќе победи разумот кај опозицијата и дека ќе ги стават граѓаните на прво место. Одлуката за бојкот не е на пратениците туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече во интервју за Сител телевизија координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески.

„Одлуката за бојкот на Собранието не е на пратениците туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата изјава беше токму во контекст на повик на опозицијата и сите пратеници да се однесуваат конструктивно, да ја извршуваат функцијата одговорно, за тоа што се избрани и во служба на граѓаните. Еве и сега ја користам приликата да упатам повик до пратениците од опозицијата, ова е период кога сите треба да бидеме на висина на задачата за што и ја имаме добиено довербата од граѓаните“ рече Митрески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека блокадите на собранието се неодговорни и дека со нив не се постигнува ништо, освен што се одолговлекува.

„Што значи блокирањето, да се потроши еден ден плус само за усвојување дневен ред, да се потрошат 20-30 илјади евра пари на граѓаните и на крај повторно да се донесе дневниот ред. Или незакажување на комисии за закони важни на граѓаните. Но во вакво време, кога имаме светски наметната енергетска и економска криза ние треба да имаме функционално собрание, за да излеземе во пресрет на граѓаните и фирмите.„ рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Митрески додаде дека најавената блокада нема да предизвика предвремени избори и посети дека пратениците на ВМОР-ДПМНЕ го блокираа и 5-от пакет мерки економска помош во ковид пандемијата.

„Нема да има предвремени избори, нема да дозволиме 6 месеци да стоиме во место во време на криза“  Митрески во интервју за Сител телевизија 

„Ние имавме пакет за помош во време на ковид кризата, а тие ги блокираа, и кога дојдоа колегите пратеници во скафандери тие кривични пријави им поднесуваа, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа 5-тио пакет економска помош.“ рече Митрески.

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ