Мистериозна смрт во радовишко: Ја повредил невенчаната жена со секира, а подоцна го пронашле мртов
Завчера во 20,20 часот во Полициска станица Радовиш, од Јавна здравствена установа Радовиш, било пријавено дека била донесена И.Д.(63) од Радовиш со тешки телесни повреди по што истата била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека околу 20,00 часот, во Радовиш на улица.„Калаузлиска“ во куќата на И.Д. дошол Ш.Х. (40), со кого истата претходно живеела во вонбрачна заедница, и по претходна вербална расправија, Ш.Х физички ја нападнал и со секира и нанел повреди, по што го напуштил местото на настанот.
Вчера околу 14,00 часот во Полициска станица Радовиш, лице од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека во атар на село Раклиш, радовишко на место викано „Мршин Дол“, во „Мантово“ било пронајдено телото на Ш.Х.(40) од Радовиш, а по извршен преглед кај истиот била констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива