-->
-->
Мислите дека нормалниот притисок е 120/80? - Вие сте во голема заблуда!
-->

Врежаното мислење дека нормален крвен притисок е 120 со 80, и дека сите вредности над тоа се итен повик за итна посета на кардиолог - повеќе не важат.
Европското кардиолошко здружение издало нови упатства, според кои нормален е 140 систолен и 90 дијастолен притисок.
Проф. др. Бранко Белесилин, кардиолог од Клиничкиот центар на Србија, пред светскиот ден на срцето, за српски „Blic“ зборувал за најновите критериуми.
"Повеќето луѓе сметаат дека 120 со 80 е нормална вредност на притисокот. Меѓутоа, крвниот притисок до 140 со 90 е границата која се смета за нормална. Тоа сепак, не важи за дијабетичарите, за кои границата е 130 со 89, како и кај постарото население", вели Белеслин.
Претходно, меѓутоа, се сметало дека доколку некој има притисок 139 со 89 дека веќе е во претхипертензична состојба, дека мора да пие лекови за да не се зголеми ризикот од инфаркт или срцев удар. Меѓутоа, како што сè се менува, така се поместуваат и овие граници. Во Европа критериумите за висок притисок се малку пофлексибилни, со тоа што треба да се води сметка и да се обрати внимание на пациентот дека не се појават компликации кои предизвикуваат крвен притисок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По 19 години, нова уредба за квалитет, само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
-

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
-

Трамп: Иран контактираше со нас, очајнички сакаат да постигнат договор
-

МФ: Нови правила за подарувања со Законот за игри на среќа - задолжителна дозвола и утврдени услови за организирање
-

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
-

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки
-

Кац: Не ни треба ничие одобрение за Израел да остане во Либан
-

СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки
