Мишел Барние пред францускиот Сенат ја потврди неговата решеност да ги зачува европските интереси во брегзит
Во пресрет на новата рунда преговори за брегзит, главниот преговарач на ЕУ не ги криеше тешкотиите во преговорите со Велика Британија.
Сослушан во Сенатот, скоро четири години по референдумот што доведе до „брегзит“, Мишел Барние даде детален преглед на ситуацијата.
Земајќи го во предвид британското одбивање да побара продолжување по 31 декември 2020 година, Мишел Барниер смета дека четири месеци се многу краток период за склучување договор.
Сенаторите се интерсираа особено за риболовот, нагласувајќи дека не може да има глобален договор без договор во оваа област, околу поважните точки: интегритетот на единствениот пазар; условите за правична конкурентност; правата на граѓаните на Европската унија.
-Како можеме да предвидиме европска стратешка автономија без блиско здружување на Британците во одбранбената и безбедносната политика? Не сакајќи да се интегрира оваа димензија во преговорите е глупост! Неисполнувањето на договорот би било штетно, но интегритетот на единствениот пазар и фер услови на конкуренција мора да бидат зачувани, нагласи претседателот на комисијата за надворешни работи и одбрана на францускиот Сенат Кристијан Камбон.
– Партнерството, дури и многу амбициозно, претпоставува рамнотежа помеѓу правата и обврските и не може да биде еквивалентно на статусот на земја-членка на Европската унија. Уверени сме од цврстината на Мишел Барние, кој останува на определбата за да ги заштити интересите на Унијата. Во прашање се стотици илјади европски работни места, нагласи сенаторот Жан Бизе.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа