Македонија
1. December 2024 - 11:40

19-годишник со „тојота“ прегазил пешак

Синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешакот А.О.(27) исто така од Скопје.

Во несреќата А.О. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,, каде што е задржана на натамошно лекување. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.