Заев-Стафансон: Шведска е отворена целосно да ги помогне реформските процеси
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.
Амбасадорот Стафансон, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека неговата земја е отворена целосно да ги помогне реформските процеси што ги најави македонската Влада. Тој ги пренел честитките на Владата на Кралството Шведска за изборот на новата Влада и за именувањето на Зоран Заев за премиер, особено за, како што е наведено во соопштението, импресивните остварувања на Владата на Република Македонија уште во првите два месеци од мандатот. и додаде дека неговата земја е отворена целосно да ги помогне реформските процеси што ги најави македонската влада.
Премиерот Зоран Заев се заблагодарил на отворената поддршка и истакнал дека Шведска и досега имаше изразено пријателски и поддржувачки пристап во периодот на разрешувањето на политичката криза во Република Македонија. Премиерот Заев истакнал дека за Република Македонија е исклучително позитивен и конструктивен пристапот на Шведска, како и на Европската Унија и дека со поддршката на пријателските држави секогаш е многу полесно да се решаваат предизвиците и процесите што се исправени пред земјата.
- Претседателот на Владата на Република Македонија го информираше амбасадорот Стафансон за првите успешни спроведени мерки и отворени процеси од Планот 3 - 6 - 9. Премиерот Заев нагласи дека мерките предвидени со овој реформски план на Владата, освен што имаат за цел да ги забрзаат процесите и да ги отстранат пречките на патот до НАТО и ЕУ, создаваат и амбиент за целосно заокружување на демократските процеси, за создавање услови за спроведување на реформите во правосудството, за владеење на правото, за медиумските реформи, како и за другите процеси опфатени во првите три месеци од планот, се наведува во соопштението.
Посебно внимание на средбата со амбасадорот на Кралството Шведска било посветено на регионалната и на билатералната соработка на Република Македонија со земјите од Западен Балкан. Премиерот Заев го запознал амбасадорот Стафансон со активностите што следуваат во врска со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во Република Бугарија, како и за останатите преземени чекори за подобрување на односите со соседните земји на Република Македонија и со другите држави во регионот.
Шведскиот амбасадор, се додава во соопштението, ја поздравил проактивноста и иницијативноста на Република Македонија на овој план и изразил мислење дека е од исклучително значење тоа што го постигнала Владата и премиерот Заев во однос на релациите со соседите.
Премиерот Заев и амбасадорот Стафансон разговарале и за други настани што ја очекуваат Република Македонија, особено за спроведувањето на локалните избори.
Ново на Сител
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот
-
Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа
-
УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања