Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е сила која заедно со народот може да да ја смени оваа власт
Денеска сме тука во Гази Баба заедно со пратеничката Дафина Стојаноска, со Жаклина Пешевска исто така пратеничката од Гази Баба, со претседателот на општинскиот комитет Бобан Стефановски, и многу други активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но и многу граѓани со кои денеска сакаме да разговараме за повеќе теми.
Денеска ќе пробаме со повеќе целни групи да се видими и да разговараме со пензионерите, да разговараме со здравствените работници, но сепак овие средби се на отворено со не толку многу народ бидејќи знаете пандемијата е околу нас, знаете вакцини дека нема, заради тоа пробуваме овие средби да ги одржуваме постојано, но да бидеме се разбира внимателни.
Моментално во Македонија нема вакцини, секој месец слушаме дека ќе стигнат, ни никако да стигнат. Во Македонија нема капитални проекти. Во Македонија нема реформи. Во Македонија има само еден голем срам, има една срамна Влада која што не срами насекаде каде и да отиде, што и да направи.
Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ ветивме и во минатото, и јас како носител на изборната единица 2 ветив и кажав дека постојано ќе доаѓам тука на терен да разговарам со граѓаните. Знаеме дека сме спречени од пандемијата, знаеме дека треба овие средби да бидат да кажам со помалку граѓани, но мораме.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е силата на ВМРО-ДПМНЕ да биде тука на лице место со народот. После оваа изјава моја ќе имам повеќе разговори и се разбира ќе ги слушнам сите оние проблеми што ги мачат граѓаните, но моментално најголемиот проблем е што граѓаните се разочарани од владеењето на оваа власт.
Затоа е добро што сме тука со нив и набрзо сите заедно да го повикаме целиот македонски народ да ни се приклучи. Секој оној кој што има чесна намера да дојде заедно со нас за да ги тргнеме овие срамни политичари што се од власта. Ама мораме тоа сите да го направиме заедно, бидејќи само ВМРО-ДПМНЕ може да ја смени оваа власт.
ВМРО-ДПМНЕ е сила која заедно со народот може да ги промени овие штетни политичари. Затоа ајде сите заедно не само вака на средби, туку и насекаде во Македонија да се сплотиме и заеднички да ги промениме.
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
