Мисајловски: Поднесени нови 80 илјади барања за легализација

Осумдесет илјади барања за легализација на нелегално изградени објекти се доставени во продолжениот рок за таа намена, кој истече на крајот на минатиот месец.
- До завршување на рокот пристигнаа 80 илјади барања за легализација. Нашата проценка излезе реална бидејќи очекувавме од 50 илјади до 80 илјади барања, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Осумдесет илјади, посочи ресорниот министер, е добра бројка односно граѓаните доставиле доста барања и сега останува општините да си ја завршат својата работа.
- Од друга страна сите оние кои поднеле барања согласно Законот сега ќе можат својот геодетски елаборат да го направат до крајот на 2017 година. Имаат доволно време секој посветено да си го заврши својот дел и да си добие имотен лист за својата куќа, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања, при посетата на Општина Чучер Сандево.
На почетокот на процесот на легализација на бесправно изградени објекти, од март до септември 2011 година, беа доставени над 360.000 барања. Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, се овозможи дополнителен рок за поднесување барања. Услов беше објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.
Со законските измени се утврди рок за доставување геодетски елаборати до крајот на следната година, а за претходно поднесените барање рокот беше пролонгиран до крајот на годинава.
Од почетокот на процесот на легализација, според последните објавени податоци, правен статус добија над 147.000 нелегално изградени објекти.
Ново на Сител
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
