Мирна новогодишна ноќ во Ресен

Со музика од локалниот бенд „Андромеди“ и голем огномет на градскиот плоштад во Ресен на минус 10 степени синоќа беше испратена старата и пречекана Новата 2016 година.
Граѓаните си посакаа здравје, успех, љубов и среќа, а градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски на сите преспанчани им посака успешна и бериќетна година.
Весело и празнично беше и низ угостителските објекти, каде посебно помладите преспанчани со игра и песна ја пречекаа Новата 2016 година.
Претходно, пак, во текот на денот на градскиот плоштад во организација на Домот на култура, за најмладите се одржа предновогодишен хепенинг со настап на хорот „Преспански ѕвончиња“ и изведба на куклен театар. Во текот на хепенингот Дедо Мраз на дечињата им подели кондиторски производи.
За време на новогодишната прослава не беа забележани нарушувања на јавниот ред и мир, а немаше ни зголемен број интервенции од Итната медицинска помош или противпожарната единица во Ресен.
Ново на Сител
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
