Миновски: Јанева и СЈО одлучија да одиграат пристрасно и политички

ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи повторно на одлуката на Специјалното јавно обвинителство да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ смета дека обвинителката Катица Јанева во овој случај се определила за Зоран Заев, а можела „да избира помеѓу професионалното и законско работење или помагањето и прикривањето на криминалот на нејзиниот штитеник Заев“.
- Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу застапување на доказите обезбедени преку признанието на сега осудениот Ѕвонко Костовски, скајп комуникацијата и писмото од Заев до Верушевски или да премине на другата страна и вторпат да аболицира лице кое во минатото стори и други кривични дела. Катица Јанева се откажа од правото и правдата и се определи за Заев. Катица Јанева и СЈО можеа да избираат помеѓу одговорноста за тоа за коешто се избрани и платени или целосно влегување во политичките игри на СДСМ и ставање во функција на аболицираниот Зоран Заев. Катица Јанева и СЈО одлучија да одиграат пристрасно и политички, изјави на прес-конференција Кирил Миновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека во предметот „Пуч“ има бројни докази и дека тоа го знаат Катица Јанева и Зоран Заев, обвинителството за гонење дела од областа на организираниот криминал и советот кој одлучуваше за правосилност на обвинението.
- Зоран Заев е загазен во криминал и во судска постапка ќе се докажеше обвинението. Затоа Катица Јанева одлучи да се повлече и да го брани криминалот. Во спротивно, самиот Заев ќе бараше во судска постапка да се докаже неговата невиност. Специјалното јавно обвинителство е политички инструмент на СДСМ. СЈО нема ниту П од професионализам, а непристрасното постапување за нив е непозната именка. СЈО не е дораснато на задачата заради која е формирано и самото ја поништи основната причина за негово постоење, рече Миновски.
Ново на Сител
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
