Свет
10. February 2017 - 9:03

Министрите за надворешни работи на САД и Јужна Кореја ќе разговараат за нуклеарната закана од Северна Кореја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Јуи Бјунг-се следната недела ќе се сретнат во Германија, јави ТАСС. 

Разговорите ќе се одржат на 16 или на 17 февруари на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20.

Планирано е на средбата да бидат разгледани заеднички мерки против севернокорејската нуклерна закана, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Во телефонскиот разговор на 7 февруари двајцата министри се договорија дека САД и Јужна Кореја тесно ќе соработуваат за спречување на севернокорејските нуклеарни амбиции.

Тие ја потенцираа и важноста од зајакнување на надворешно политичкиот приситок врз Пјонгјанг.