Министрите Тренчевска и Сали го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за здравство Беким Сали, денеска го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.
Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска информираше дека првото родено бебе е машко, прво дете на 22 годишната мајка Стојанка Панајотова од Кочани. Тешко е 3720 гр. и долго 51 сантиметар, родено во првата минута по полноќ.
Министерот Сали во изјава за медиумите им посака на мајката и бебето добро здравје, успеси, радости и среќно детство со многу насмевки.
„Им посакувам успешна и среќна 2023 година на сите граѓани, посебно сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, кои со својата пожртвувана работа придонесуваат за успешно функционирање на здравствениот систем,“ истакна министерот Сали.
Министерката Тренчевска пред се им ја честиташе новата година на сите граѓани, со желби за многу здравје, љубов, среќа и успех во годината која ја започнуваме. Таа во нејзино име и во име на Министерството за труд и социјална политика на мајката и честиташе за првата рожба и на бебето му посака многу здравје и среќа.
„Ја продолжуваме традицијата на Министерството за труд и социјална политика и оваа година првото родено бебе доби златник како подарок. Како Министерство за труд и социјална политика грижата за граѓаните со акцент на најранливите е наш приоритет. Градењето на услови за подобра иднина за нашите деца останува во фокусот на нашето работење. Продолжуваме и во новата 2023 година, со капитални инвестиции ,изградба на нови и проширување на капацитетите на детските градинки, затоа што секое дете има право на квалитетно предучилишно воспитание и образование,“ истакна Тренчевска.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава