Министерство за правда: Ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици
Министерството за правда ќе почне измени на законот за јазици веднаш штом ќе го добие официјалното мислење на Венецијанската комисија за него, најавуваат од министерството на Рената Дескоска откако во јавноста беше објавена драфт верзија на ова меѓународнот тело дека законот за јазици треба да претрпи сериозни измени, дека е неприменливо во делот на судските постапки и дека иако ги надминува стандардите за употреба на јазиците може да чини многу пари во ситуација кога веќе има закон за употреба на јазиците од 2008 година.
- Мислењето на експертите на венецијанската комисија е класифицирано се до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него. - велат од правда.
Законот за јазици беше донесен во тешка и долга процедура во парламентот во јануари 2018 година со противење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За законот суспензивно вето употреби и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој речиси една година го држеше во фиока и не даваше да биде објавен во Службен весник. Поради тоа Законот осамна во службеното гласило само со потпис на собранискиот спикер Талат Џафери. Под притисок на јавноста беше испратен на мислење во Венецијанската комисија.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница