Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците.
Како што соопштуваат оттаму, компаративната анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи е направена согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата на Република Северна Македонија.
Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.
-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, стои во соопштението од министерството.
Во однос на поединечните категории, како што дополнуваат, кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло. Кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%, кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот, а кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.
Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.
-Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените - посочуваат оттаму.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
