Министерот за внатрешни работи именуван за премиер на Грузија

Владејачката партија Грузиски сон го именува министерот за внатрешни работи Гиорги Гахари на функцијата премиер, јавија денеска руските медиуми повикувајќи се на изјава на претседателот на партијата.
Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе вчера поднесе оставка, истакнувајќи дека ја исполнил својата мисија.
– Создадена е рамката за развој и затоа одлучив да поднесам оставка, бидејќи верувам дека досега ја исполнив својата мисија, напиша тој на Фејсбук профилот.
Бахтаѕе им се заблагодари на сите министри и на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биѕина Иванишвили за поддршката и соработката, нагласувајќи дека останува нејзин член.
Бахтаѕе ја предводеше Владата на Грузија од јуни 2018 година, а претходно беше министер за финансии.
Според законот, по оставката на премиерот, целиот кабинет поднесува оставка. Министрите ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски додека не се формира нова влада.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
