Министерот за култура Исмаили се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска во својот кабинет се сретнал со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.
Како што информираат од Министерството, на средбата Исмаили му се заблагодарил на францускиот амбасадор за поддршката од Франција за интеграциските процеси на Северна Македонија во реализацијата на стратегиските цели – членство во Европската Унија и во НАТО-алијансата.
Министерот Исмаили и амбасадорот Тимоние на средбата изразиле задоволство од досегашната успешна соработка во делот на културата меѓу двете држави, што се потврдува и со реализацијата на голем број проекти спроведени во соработка со Амбасадата на Франција во нашата земја и со Францускиот институт. Меѓу нив, како што информираат од Министерството, биле издвоени Фестивалот на францускиот филм во Охрид, потоа заедничките проекти од областа на литературата, театарот, танцот, а особено била потенцирана соработката меѓу двете земји во областа на културното наследство.
– Министерот истакнал дека е од особено значење и институционалната соработка, која е потврдена преку гостување на реномирани уметници во двете земји, а во некои дејности таа е продлабочена и со реализација на повеќе копродукциски проекти. Особено значајно е и присуството на уметници од Франција на фестивалите во нашата земја од областа на драмската, музичката или филмската уметност, соопштуваат од Министерството.
На средбата, Исмаили и Тимоние заеднички констатирале дека активностите за продлабочување на француско-македонската културна соработка ќе продолжат и во иднина.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
