МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман

На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди - соопшти Министерството за здравство.
Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, од Министерството најостро ги демантираат изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани и апелираат до политичките субјекти и медиумите да се воздржат од ширење непроверени информации, кои предизвикуваат вознемиреност кај пациентите и нивните семејства, особено кога станува збор за чувствителни категории пациенти.
Инаку, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека во согласност со член 239-д од Законот за здравствената заштита, четирипати годишно се врши инспекциски надзори во јавните здравствени установи во врска со евалуација на успешноста на здравствената установа, која ја врши Министерството за здравство.
Во Универзитетската клиника за хематологија последен редовен инспекциски надзор е извршен на 4 март годинава. При надзорот не се констатирани недостатоци по однос на резерви на потрошен медицински материјал (шприцови, игли, стерилни ракавици, кеси за венепункција..), како и средства за дезинфекција.
Во однос на терапијата и третманот на пациентите, одлуките се во надлежност на стручните медицински тимови - информираат од Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
