Македонија
21. December 2022 - 8:08

Министерот Спасовски во посета на СВР Куманово

 – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Секторот за внатрешни работи – Куманово.

Посетата, како што информираат од МВР, е дел од планираните посети по секторите за внатрешни работи и регионалните центри низ државата со цел согледување на сработеното.

Спасовски со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата  на СВР Куманово и Регионалниот Центар Север, по што ќе даде  изјава за медиумите, пред СВР Куманово.