Министерот Попоски на Бледскиот стратешки форум

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој ќе се одржи денеска и утре во Блед, Република Словенија.
Како што соопшти МНР, форумот, кој се одржува по 10-ти пат, оваа година ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на земјата домаќин, Борут Пахор, претставникот на генералниот секретар на ОН, Кристијан Фрис Бах, премиерот на Големото војводство Луксембург, Ксавиер Бетел, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ и генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер.
Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”, во рамки на кој ќе се обратат и шефовите на дипломатиите на Албанија Дитмир Бушати, на Турција Мевљут Чавашоглу, на Босна и Херцеговина Игор Црнадак, на Бугарија Даниел Митов, на Унгарија Петер Сијарто, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи. Пред присутните ќе говорат и заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски односи во Стејт-департментот Хојт Ји, германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, министерот за европски односи на Француска Република Арлем Дезир, како и директорот за истражување и професор на францускиот Центар за меѓународни студии, Жак Рупник.
На маргините на форумот, предвидени се и билатерални средби на министерот Попоски.
Ново на Сител
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
-

Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
-

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег
-

ЈОРСМ: Се постапува во случајот со жената во животозагрозувачка состојба донесена синоќа во Клиничкиот центар
-

Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање
-

Облачно и врнежливо време, на планините снег
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
