Министерот Кучи се сретна со амбасадорката Алтхаузер
Министерот за економија Дритон Кучи денеска имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Кристине Алтхаузер.
На средбата беше истакната одличната соработка меѓу двете пријателски земји, како на економски, така и на политички план, соопшти Министерството за економија.
Заблагодарувајќи се на поддршката што Германија постојано ја дава на Македонија, министерот Кучи информираше дека и покрај политичката криза, првите шест месеци од оваа година имаме прилив од 123 милиони евра странски инвестиции, кои се скоро два пати повеќе во споредба од со иститот период во минатата година.
- Очекуваме до крајот на годината, бројот и вредноста на странските инвестиции да се зголеми, а со тоа и вработеноста, рече министерот Кучи, додавајќи дека Македонија има идеални услови за германските инвеститори, кои можат да се приклучат во изградба на дел од проектите, особено од сферата на енергетиката.
Амбасадорката Алтхаузер, информираат од Кабинетот на Кучи, во текот на средбата на министерот за економија му врачи покана за учество на Регионалниот економски форум на Комитетот за Источноевропски економски односи на германското стопанство, што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Будва, форум кој е дел од Берлинскиот процес.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска