Министерката за внатрешна безбедност на САД поднесе оставка
Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен поднесе оставка на функцијата, објави синоќа на Твитер претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во објавата на Твитер, Трамп најави дека до изборот на нов министер за внатрешна безбедност, вршител на должноста на оваа функција ќе биде сегашниот комесар за царина и заштита на границите Кевин Мекалинан.
Нилсен од своја страна, најави дека ќе ја напушти функцијата на 10 април, со цел, како што нагласи, да обезбеди „преоден период“.
– Се согласив да останам на должноста до среда 10 април, за да обезбедам преоден период и да се осигурам дека нема да бидат нарушени основите цели и задачи на Министерството, објави Нилсен, исто така на Твитер.
Како што јави Си-Би-Ес Њуз, засега не е познато дали Нилсен самата поднела оставка или била принудена на тоа.
Нилсен беше именувана за министерка за внатрешна безбедност во декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал