Министерката Шекеринска во посета на Албанија
Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Албанија.
Шекеринска ќе се сретне со албанската министерка за одбрана Мими Кодели по што, македонската делегација во која е и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Мухамет Рацај, ќе има официјални разговори со делегацијата од албанското Министерство за одбрана.
Министерката Шекеринска ќе го посети и баталјонот на специјалните сили на албанските вооружени сили во Тирана, каде ќе биде изведена и показна вежба.
Македонија и Албанија во областа на одбраната соработуваат од 1998 година кога беше потпишана и Спогодбата за билатерална соработка. Од 2004-та на годишно ниво се потпишуваат и планови за билатерална соработка кои вклучуваат поголем број заеднички активности во двете земји.
Ново на Сител
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО