Минималната плата во Косово се зголемува на 320 евра, сепак останува најниска во Европа
Владата на Косово на денешната седница одлучи минималната плата во земјата да се зголеми на 350 евра бруто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владиниот кабинет го одобри зголемувањето за кое премиерот Албин Курти рече дека ќе влијае на повеќе од 150.000 луѓе.
Образложувајќи ја одлуката, министерот за финансии Хекуран Мурати рече дека првпат се утврдува висината на минималната плата по работен час – 2 евра, а зголемувањето на минималната плата ќе стапи на сила од 1 октомври.
Пред пет дена стапи на сила Законот за минимална плата, со кој таа се искачи на 250 евра нето.
„Минималната плата ќе биде ослободена од данок. Ова е второ зголемување на минималната плата во рамките на овој владејачки мандат“, рече премиерот Курти во презентацијата на предлогот.
Медиумите во Приштина по повод денешната владина одлука напоменуваат дека, и покрај зголемувањето, Косово останува последно во Европа според минималната плата, која е прилично пониска и од минималните плати во земјите од регионот.
Според податоците на Евростат, кои ги пренесуваат медиумите, Србија од земјите во регионот има највисока минимална плата, од 544 евра.
Северна Македонија е втора земја со највисока минимална плата во регионот, во висина од 542 евра.
Црна Гора е на трето место со минимална плата од 533 евра, во Босна и Херцеговина минималната плата е 485 евра, а Албанија е последна со минимална плата од 385 евра.
Евростат ги дели земјите од ЕУ во три категории. Во првата категорија се оние кои имаат минимална плата од над 1.500 евра месечно и неа ја сочинуваат: Луксембург (со највисока минимална плата од 2.571 евро), Ирска (2.146), Холандија (2.070), Германија (2.054), Белгија (1.994) i Франција (1.767).
Во втората група се земјите кои имаат национална минимална плата од над 1.000 евра и под 1.500 евра месечно и тука спаѓаат Шпанија и Словенија.
Во третата група се земјите кои имаат минимална плата под 1000 илјади евра месечно: Кипар, Полска, Грција, Португалија, Малта, Литванија, Хрватска, Естонија, Чешка, Словачка, Романија, Латвија, Унгарија и Бугарија (најниска во ЕУ, со 477 евра). Данска и Шведска немаат категорија „минимална плата“.
Според податоците на истражувањето на косовскиот Институт за напредни истражувања ГАП, објавено во 2022 година, на над 100 илјади работници во Косово им се исплаќа минимална плата, а 94 отсто од оние кои се погодени од зголемувањето на минималната плата се вработени во приватниот сектор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени