Бизнис
20. January 2022 - 16:39
Минималната плата ќе порасне во втората половина на годината, синдикатите револтирани
Минималец од 18.000 сега или најрано во април. Ставовите на ССМ и Владата се разидоа. Ако не се измазнат на состанокот в понеделник, синдикалците најавуваат генерален штрајк.
Министерот Бектеши вели дека минималната плата годинава ќе расте и за тоа нема дискусија, но дека растот нема да се случи веднаш како што се очекуваше.
Очекувањата и на Владата и на работодавачите се дека заради енергетската криза, првите три месеци од оваа година ќе бидат меѓу најтешките досега и затоа треба да се почека со зголемувањето на минималецот. ССМ пак велат дека условите на пазарот се такви што работниците не можат да чекаат.
ССМ и Владата в понеделник ќе разговараат за покачување на платите, К15 за јавниот сектор и непочитувањето на недела неработен ден.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->