Македонија
28. December 2015 - 9:58

Минатата седмица вкупно 1.164 јавувања на Ало докторе!

Изминатата недела, заклучно со утрово, 1.164 лица побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе!“.

Како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Скопје, на сите лица кои се јавиле на Ало докторе! им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Од 15.09.2014 година на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија Ало докторе! регистрирани се вкупно 68.378 повици.

Линијата е отворена секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето, а достапни се 25 доктори за медицински совет.

Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија, при што јавувањата се за најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици.