Loading Video...
Кошарка
20. јуни 2021 - 14:41

Милвоки се избори за финале во Источната конференција

 
Тимот на Милвоки е првиот финалсит во Источната конференција на НБА плејофот. 
 
Ова откако „Бакси“ во решевачкиот седми натпревар славеа победа на гостувањетоп кај Бруклин по продолжението, бидејќи регуларниотр дел заврши нерешено 109-109. 
 
Во дополнителните пет минути, двата тима одиграа катастрофално лошо, па Бруклин постигна само два поени, а шестте поени на Милвоки беа доволни за конечен триумф со  115-111, односно пласман во финалето добијавќи ја серијата со 4:3 во победи. 
 
Кевин Дурент иако средбата ја заврши со 48 поени и 9+ скокови, а Џејмс Харден на 22 поени придодаде по девет скокови и асистенции, сепак тоа не беше доволно за фаворизираниот тим на крајот да слави. 
 
Во победничкиот тим Адетокумбо постгна 40 поени, имаше и 13 скокови, а дабл-дабл учинок оствари и Мидлтон со 23 поени и 10 скокови.
 
Сега Милвоки ќе го очекува исходот од вечерашниот седми меч, односно мајсторката меѓу Филаделфија и Атланта, по кој ќе го дознае својот противник во финалето на истокот.