Милошоски: По референдумот 15 мои колеги се повикани на распит во СЈО, нема да гласам за промена на Уставот
По неуспешниот референдум околу 15 мои колеги пратеници, меѓу кои и јас, се повикани од страна на СЈО за разни предмети и сметам дека со тоа се покажува дека Обвинителството има своја политичка намена односно сите овие случаи и постапки и распити имаат за цел да принудат дел од пратениците да гласаат против волјата на народот, односно за измена на Уставот на Република Македонија. Ова денеска го изјави пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, по распитот во СЈО за случајот „Моќник“, нагласувајќи дека без разлика на се’ поважно е да се почитува волјата на народот и истото ќе го направам и јас.
- Предметите не би ги коментирал во подробности, но би кажал дека истите се неосновани и самиот тајминг на покренување на предметите после пропаднатиот референдум навестува дека СЈО има селективна правда и е политичка институција што сака да изврши притисок врз поголем дел на пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени. Според мене, волјата на народот е изразена на референдумот и е поважна од каков било притисок и ќе гласам против промена на Уставот, изјави Милошоски.
Според СЈО, Милошоски денеска кусо се задржал во нивните простории бидејќи побарал прво да го види доказниот материјал, а наводно својот исказ за овој случај ќе го давал следната недела.
Пратеникот Антонијо Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв лустратор Томе Аџиев.
Според сомнежите на СЈО, пратеникот Милошоски го навел градоначалникот на Македонски Брод да го изманипулира Советот на општината и на неговиот татко да му го продаде објектот во селото Ижиште, во кој била сместена општина Пласница. Откако градоначалникот разбрал дека е изманипулиран побарал постапката да биде преиспитана.
За продажба на објектот било организирано јавно наддавање, кое градоначалникот не го објавил во Службен весник, и единствено на него се јавил таткото на пратеникот, кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето.
Ново на Сител
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа